Доживотен затвор за дебарчанката Поцеста која ги масакрираше родителите и малолетната сестра на спиење

Објавено на 06.05.2020 во 21:55:01 часот | Македонија

* реклама ----------------------------------------------------------------------------------------------------

  

-----------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Доживотна казна затвор доби обвинетата Б.П. од Дебар која на 26 август 2018 година во семејната куќа ги уби родителите и малолетната сестра.

Пресудата ја донесе Основниот суд во Гостивар, а Б.П. е осудена на доживотен затвор за три кривични дела – убиства.

Еден од обвинетите кој и помагал на обвинетата е осуден на 10 години затвор, а за другиот обвинет е изменето кривичното дело и по одлука на судот, постапката за него ќе продолжи за сторено кривично дело – неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи.

Гостиварското обвинителство е незадоволно од одлуката на судот за двајцата обвинети кои го помагале извршувањето на убиството и се најавува жалба на пресудата.

*реклама ----------------------------------------------------------------------------------------------------

 

-------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Доживотната казна затвор за сега осудената Б.П. следи по сеопфатната истражна постапка во која Обвинителството обезбеди докази, а со кои во текот на судењето докажа дека таа во семејната куќа во Дебар, пукајќи од непосредна близина со пиштол со калибар 7,65мм најпрвин ги лишила од живот сопствените мајка и татко, а потоа и малолетната сестра. Еден ден пред извршувањето на кривичното дело, осудената телефонски контактирала со второосудениот и се сретнала со него во Гостивар. Тој изнајмил возило и заедно се упатиле кон Дебар за да набават оружје. Истиот ден, во близина на градската болница во Дебар, се сретнале со третообвинетиот, кој им обезбедил пиштол и рамка со пет куршуми. По извршувањето на кривичното дело, осудената се упатила во Струга, каде се сретнала со второосудениот и му ги дала клучевите од изнајменото возило да го врати во Гостивар, по што таа со такси отишла на аеродромот во Скопје од каде со авион заминала за Италија.

ПОТСЕТУВАЊЕ НА СЛУЧАЈОТ:

Втората ќерка на семејството Поцеста кое беше масакрирано во Дебар, од страна на нејзината постара сестра Блерта, не се вратила дома.

Двокатната куќа во гратчето Тренто остана празна и напуштена, каде што до последните денови од Август живееше семејството без очигледни проблеми. Мукадес Поцеста, е сестрата на осомничената Блерта Поцеста, која живее во страв и полициска придружба. Внатре стои само автомобилот кој го возела Мукадес.

24 годишната ќерка на Амит и Назмие, брачните другари кои беа убиени иста ноќ со нивната 14 годишна ќерка од нивната најстара наследничка, по злобниот гнев на Блерта Поцеста, останала во Македонија. Таа сега живее под заштита и се движи само само во присуство на полицајци од балканската земја, пренесува италијанскиот медиум „кафе ин магазин“. Повеќе не е во Дебар каде што беше нејзиното семејство во август и остана за семејна веселба на близок роднина. Го напуштила патот кој води кон куќата во која ја загуби својата мајка, татко и сестра. Минатата недела повторно била сослушана од македонската полиција која го истражува трикратното убиство во Дебар, кое беше дефинирано како едно од најужасните во историјата на земјата и тој регион.

Меѓутоа, доказите што им беа достапни на обвинителството би биле огромни: станува збор за траги од ДНК во ужасната куќа, каде што ќерката ги убива родителите во сон, како и видеоснимки и фотографии  кои го прикажуваат наводното бегство. Понекогаш се некомпатибилни со оние што се објавени кога за прв пат беше сослушана од страна на истражителите: дека има железно алиби, таа кажа дека ја напуштила Македонија неколку часа пред масакрот. 

За обвинителите од Италија, тоа било само лага, за да се врати тајно следната вечер и да ги убие родителите и сестра си. 

За серија среќни околности, во избрзаното бегство по грозоморно злосторство, жената успеала да стигне до Италија пред соседите да ги откријат телата, 17 часа откако со три куршуми пукала во главата на најблиските.

За мотивот има само претпоставки, а некои тези изгледаат нереални: локалните медиуми дури зборуваат за некој наводен контакт со организирани криминал, но исто така и за еден неодамнешен извештај дека на Поцеста не и дозволиле родителите да се омажи за Италијанец, пишува уште погореспомнатиот медиум. Италијански медиуми дури соопштија дека Блерта била зависник од наркотични супстанци.

До денес поминаа повеќе од месец и половина а македонското обвинителство не соопшти ништо ново за овој период околу овој случај.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет