СЕГА Е ВРЕМЕ ДАРВИН ДА ДЕЛУВА ТЕМЕЛНО: Американски свештеник кој тврдеше дека Господ е поголем од коронавирусот почина од КОВИД-19!

Објавено на 17.04.2020 во 12:48:09 часот | Свет

Американски пастор кој се спротивставуваше на правилата за социјално дистанцирање и продолжи да одржува големи богослужби почина откако се заразил со коронавирус.

Веста дека пасторот Џералд Глен починал од КОВИД-19 ја потврди и неговата евангелистичка црква, што тој ја основал во 1995 година.

Шеесет и шестгодишниот Глен одбиваше да ги почитува препораките на официјални лица да се избегнуваат големи собири за време на пандемијата на коронавирусот, ветувајќи дека „ќе продолжи со богослужбите сѐ додека не биде во затвор или болница“.

„Јас длабоко верувам дека Господ е поголем од овој ужасен вирус“, им кажал Глен на своите следбеници во Ричмонд, пет дена откако гувернерот на Вирџинија Ралф Нортхем им препорача на луѓето да избегнуваат собири со повеќе од десет луѓе.

Нејасно е кога Глен се заразил./СДК

 

 

loading...

 

Свет

Македонија