МВР за случајот со силуваното девојче: Доставено известување до ОЈО Куманово, постапува и Внатрешна контрола

Објавено на 08.04.2020 во 21:53:58 часот | Македонија

„Во СВР Куманово е пријавен овој случај и полициските службеници постапувале во координација со јавното обвинителство со цел негово расчистување. За целиот случај до ОЈО Куманово е доставено известување на 13.02.2020 за понатамошна постапка“, велат од МВР за Либертас во врска со случајот за силуваното 11-годишно девојче од 19-годишниот братучед од чие семејство велат дека полицајци ја уценувале да ја повлече изјавата.

Од МВР не известија и дека Одделот за внатрешна контрола, криминилистички истраги и професионални стандарди прави проверки за постапувањето на полициските службеници и доколку се утврди незаконско постапување ќе следи и соодветна санкција.

Претходно и дополнителната заменик министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска преку Фејсбук реагираше за случајот. Нејзината објава прочитајте ја тука.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет