ЕВЕ ЗОШТО ЗАЕВ Е ПОЛИТИЧАР ОД СВЕТСКИ КАЛИБАР - НЕ ДОЗВОЛУВА ЛИЧНОТО И ПАРТИСКОТО ДА ГО ЗАСЕНАТ ДРЖАВНОТО И НАЦИОНАЛНОТО: СО ШИРОКА ПРЕГРАТКА И НАСМЕВКА ГО ПРИМИ ЗАГАРОТ НА ОРБАН, ИАКО РЕАЛНО ЗАСЛУЖУВА ДА БИДЕ СОБРАН НА КЛОЦИ!

Објавено на 06.04.2020 во 22:51:44 часот | Македонија

 
Погледнете ја политичката величина од светски калибар на Заев. Голтна кнедла и го прими со широка прегратка и насмевка загарот на Орбан, Сијарто кој дење ноќе прави мајмунарии против СДСМ но и против нашата земја.
 
Мафијашки го изнесоа Груевски од земјава и му дадоа засолниште во Будимпешта со што му нанесоа огромна политичка штета на СДСМ, а сега со Мицковски си играат партиски игри и демек овој му се јавил на Орбан и овој одма пратил авион со помош за земјата за му наштетат пак на Заев, да го прикажат како неспособен да обезбеди помош за земјата.
 
Но Заев е свесен дека ако го понесе емоцијата, инатот гневот и партиската математика, требаше да го собере на клоци Сијарто и тој да не биде примен од никого во земјава, но Заев знае дека тоа ќе биде на штета на земјата. Затоа храбро голтна кнедла и му посака топло добредојде на Сијарто па дури и му се заблагодари за сета помош што ја дава на земјата, пред се лобирањето да добиеме датум, без разлика кој му се јавил и за кого го прави тоа, важно е да помага на земјата па макар и на штета на СДСМ!
 
Е тоа во ВМРО ДПМНЕ не го очекуваа, тие можеби посакуваа да проработи суетата кај Заев и тој да направи грешка, но ТОЈ Е КАКО РОБОТ ВО ПОЛИТИКАТА, КАКО РОНАЛДО ВО ФУДБАЛОТ, КАКО ЃОКОВИЌ ВО ТЕНИСОТ, ЕДНОСТАВНО НЕ ГРЕШИ!!!
 
Ги поканувам сите млади лидери на мали партии и сите што се во СДСМ на почетокот на својата политичка кариера внимателно да ги следат потезите на Заев да ги анализираат и да учат од нив, пред нив се одигрува вистинска политичка мајсторска ремек дело престава, утакмица, лекција како сакате наречете го она што го прави Заев овие години!
 
Претседателот на СДСМ, Заев на средба со Петер Сијарто: Помошта што ја добиваме од Унгарија го потврдува пријателството на нашите држави и народи
 
Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска се сретна со министерот за надворешни работи и трговија на Република Унгарија, Петер Сијарто
 
На средбата, на која се разговараше за повеќе актуелни теми, како и за мерките на Владите на Северна Македонија и Унгарија за заштита на здравјето на граѓаните и помош за економијата поради коронавирусот, претседателот Заев изрази голема благодарност кон народот и Владата на Унгарија за помошта и поддршката кои ги укажуваат во овие тешки моменти за сите нас, но и во сите овие години континуирано. 
 
„Помошта што ја добиваме од Унгарија само го потврдува пријателството на нашите држави и народи“ порача претседателот Заев.
 
Во разговорот заеднички беше заклучено дека оваа посета на министерот Сијарто е охрабрување за сите успеси кои ги постигнавме во изминатите три години како што се членството во НАТО и почетокот на преговорите со ЕУ и беше изразено заедничко задоволство што дури три од шесте држави од Западен Балкан се веќе членки на НАТО. Тоа ја гарантира стабилноста и безбедноста на целиот регион.
 
Претседателот Заев и Сирајто заеднички се согласија дека е многу важно што дури и во овие тешки моменти ЕУ смогна сили да ја донесе долгоочекуваната одлука за почеток на преговорите за членство со Република Северна Македонија и дека можеме да очекуваме преговорите и практично да започнат до крајот на јуни оваа година.
 
Заев и Сијарто го поздравија ангажманот на комесарот за проширување Оливер Вархеји кој успешно го започна својот мандат со нова методологија за преговори, позитивен извештај за напредокот на нашата држава и со позитивна одлука за почеток на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ.
 
Двајцата соговорници се согласија дека двете држави како и досега ќе продолжат заедно да работат на справување со предизвиците поврзани со бегалците, а претседателот Заев упати посебна благодарност до министерот Сијарто за работата на унгарските полициски службеници на границата помеѓу Северна Македонија и Грција.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет