ШТО СМЕ И ЗГРЕШИЛЕ НА ФАМИЛИЈАТА КОНДРАТЕНКО: Го ширел вирусот синот, но и таткото – заразил медицинска сестра од Домашна посета

Објавено на 06.04.2020 во 22:13:46 часот | Македонија

Медицинската сестра од Домашна посета била заразена со коронавирус од лице кое во Итната медицинска помош побарало да му биде ставена ампуларна терапија и инфузија, но кога бил прашуван по телефон, не кажал дека очекува резулати за КОВИД-19, дали имал контакт со луѓе од странство, ниту дали има сомнителен или заболен член семејството. Настанот се случил пред 15 дена, а станува збор, за лице од потесното семејство на Ф.К кој доби кривична пријава затоа што не се придржуваше на мерките за самоизолација и при тоа заразил многу луѓе, вклучително и членовите на неговото семејство, објави НОВА.

„Лицето се јавило на 194 и побарало да му се даде ампула „Лендацин“ и физиолошки раствор. Од страна на диспечерот бил прашан дали имал контакти со лице кое има сиптоми или е заразено или пак со лица од странство, но не дал таков податок. Тогаш повикот бил пренасочен на службата за Домашна посета. Кога екипата дошла во неговиот дом тој и сопругата биле со маски и дури на сред аплицирање со инјекцијата кажал дека за два часа очекува резултат од тестот. Мединската сестра, лекарот и возачот кои биле присутни таму, останале во шок“, изјави за НОВА Милица Бубало раководител на Итната медицинска помош.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет