ДРАМА НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ - МИЦКОВСКИ СЕ ПРЕТЕРА: АВИОНИ СО МЕДИЦИНСКА ПОМОШ НАЈАВИЛЕ СЕВЕРНА КОРЕЈА, МЕКСИЧКИОТ НАРКО КАРТЕЛ, ИТАЛИЈАНСКАТА МАФИЈА, ИСИС, ХЕЗБОЛАХ, ВЕНЕЦУЕЛА, БЕЛОРУСИЈА, КАЗАХСТАН, ТАЛИБАНЦИТЕ ОД АВГАНИСТАН, ППК ОД КУРДИСТАН, АЛ НУСРА, ФАТАХ!

Објавено на 06.04.2020 во 13:52:12 часот | Македонија

Мактел дознава дека откако успеа да обезбеди помош од Јанез Јанша и Виктор Орбан, Мицковски овие денови фатил 24/7 да врти телефони од една листа која ја нашол на интернет.

Речиси успеал сите да ги добие и сите решиле да пратат авиони од типот Иљушин 145 година на производство 1965-та (од времето кога овие оргнизации беа помогнати од СССР во студената војна) полни со медицицинска помош.

Потоа му објасниле дека таа листа се вика NSA NUMBER 20 MOST DANGEROUS ORGANISATIONS FOR US NATIONAL SECURITY која што му ја пратиле по мејл Мирка и Миленко како идни стратешки партнери на ВМРО ДПМНЕ за спас на МАКЕДОЊА!

Сега на скопскиот аеродром има паника како ќе се слетаат овие авиони кои немаат радари за ноќно слетување а плус и за кочење им треба 5 километри поради старите системи на кочење и на стари авионски мотори кои немаат авионско џет кочење, па сега се очекува овие авиони да се забијат во куќичето на ОК ВМРО ДПМНЕ Маџари.

Оваа информација не ни е бапш проверена, можно е да се работи и за шега на сметка на Мицковски и неговата ПР кампања за авионски дотур на медицинска помош од европски автократи за ловење ситни политички поенчиња во време на криза каква земјава нема видено досега од антика до денес.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет