Колев: Светот има пари, но Македонија е пред банкрот!

Објавено на 05.04.2020 во 22:24:22 часот | Македонија

Никој не сака да го постави прашањето зошто во момент на криза, кога речиси сите баарат кредити и голем дел од нив ќе земат колку што им треба дури и повеќе, Македонија не може да земе толку средства колку што ни се потребни?

Да не забораваме дека за институциите кои даваат кредити ова е момент да ги пуштат во оптек сите средства и да имаат камати од истите. Онаа смешна приказна дека немало средства-пари во светот е само едно глупаво оправдување, се наведува во реакцијата на Петар Колев, претседател на ГДУ .

„Сигурно има причина за тоа, и тоа е ликвидноста на државата, почитувани сограѓани.

Никој нема да даде кредит на некого што не може да го врати. Македонија е толку задолжена што ако земе уште 1,5 или 2 милијарди, нема да биде ликвидна, нема да може да ги врати, тоа е вистината.

Многу е лицемерно да ги слушате оние кои ја донесоа државата до вакво ниво, најсиромашна држава од поранешна Југославија и најсиромашна земја во Европа, да делат економски лекции

 

 

loading...

 

Македонија

Свет