БРОЈКИТЕ СЕ ПОКАЧУВААТ ОД ДЕН НА ДЕН, СЕ ДОБЛИЖУВАМЕ ДО ПИКОТ: Нови 72 случаи од корона вирус, вкупната бројка достигна 555 заразени

Објавено на 05.04.2020 во 14:16:29 часот | Македонија

За 24 часа регистрирани се 72 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје – 14, Куманово -21, Штип – 1, Прилеп – 9, Тетово-12, Струга- 1, Велес – 1, Битола – 2, Гостивар – 1, Радовиш – 1, Крушево – 2, Кочани – 7.

Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска изнесува 555 лица. Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:
 
Скопје – 235
Куманово -114
Дебар – 49
Штип-19
Прилеп –33
Тетово – 29
Струга – 24
Велес – 10
Битола – 6
Охрид – 3
Кавадарци –2
Гостивар – 4
Гевглелија – 4
Струмица – 2
Крива Паланка- 2
Радовиш -3
Крушево – 2
Кочани – 14
 
Во изминатото деноноќие направени се 371 тестови. Од нив преку ИЈЗ- 285, преку Ветеринарен факултет – 7, Авицена – 0, Биотек – 24 и Фипил Втори (Жан Митрев) – 55. Досега во земјата се направени 5.291 тестирања на Ковид-19.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет