(ВИДЕО) СТАРИТЕ ВИКААТ ЗВУЧИ ПРЕДОБРО ЗА ДА БИДЕ ВИСТИНА: ЗОРАН ВИТАНОВ ВЕ УБЕДУВА ДА МУ ДАДЕТЕ 1400 ЕВРА И ЗА 1 ГОДИНА ЌЕ ЗАРАБОТУВАТЕ 5000Е МЕСЕЧНО ДЕЛЕЈЌИ КЕШ БЕК КАРТИЧКИ

Објавено на 05.04.2020 во 00:42:23 часот | Македонија

Инаку целиот систем објаснет тука:

Треба да знаете дека во многу земји ова се смета за ПИРАМИДАЛНА ИЗМАМНИЧКА ШЕМА, каде системот нема реална заработувачка односно реалната заработувачка е многу мала, па се пумпаат бројките и се лажат луѓето да купуваат ОБЛАЦИ за МАРКЕТЕРИ со ветување дека многу ќе заработат, но единствен начин да заработат многу ако најдат голем број на жртви и земат процент од парите кои ќе им ги земат, па на крај нај оштетени ќе бидат крајните купувачи на облаците кои никого не вклучиле во шемата.

На крај оние кои нема ништо да заработат ќе бидат обвинети дека не се труделе доволно и не ги бива. А парите што ги дале завршиле во рацете на сопствениците на Лајконет и малкуте менаџери кои успеале да вклучат илјадници жртви па од процентот од парите од земените ОБЛАЦИ заработиле многу, но илјадниците купуваи на ОБЛАЦИ на крај останале и без пари и без заработувачка и што е најлошо со скршен сон дека може да се снајдат во бизнисот и претприемништвото.

Зоран Витанов дури убедува да се земе кредит што значи да се изгубат и домот и покуќнината па може да останете и бездомник така да внимавајте, отворете убаво очи.

Многу од измените тужат па фирмите го менуваат името за да продолжат со измамите, па се викаа прво Лајонес, па Лајконет, па Мај Ворлд, па Кеш Бек Ворлд итн итн итн...

(КОМПАНИЈАТА ЛАЈКОНЕТ ПРЕКУ СВОЈАТА ФИРМА ЌЕРКА МАЈ ВОРЛД Е СПОНЗОР НА ПОРТАЛОТ МАКТЕЛ.МК, НИЕ СМЕ ИМ БЛАГОДАРНИ ШТО СЕ РЕКЛАМИРААТ НА НАШИОТ ПОРТАЛ И СЕ НАДЕВАМЕ СОРАБОТКАТА ЌЕ ТРАЕ ДОЛГО)

 

 

loading...

 

Македонија

Свет