ФОН Универзитет учествува во акција "3D принт медицинска опрема" во борба против Covid-19

Објавено на 04.04.2020 во 22:33:41 часот | Македонија

Доц. м-р Марко Ружин од Факултетот за Дизајн и Мултимедија се приклучи во доброволната акција на докторот Ненад Лазаров која што се организираше преку социјалните медиуми. По пат на 3д технологија се создаваат делови потребни за склопување на заштитни маски за медицинскиот персонал во државата. Благодарение на сопствениот 3д принтер, доцентот доброволно и со сопствениот материјал учествува во оваа акција.

Фон Универзитет како високообразовна институција ги поддржува сите механизми и хуманитарни акции кои што се ефектуираат во битката против глобалната  пандемија.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет