ГЕРО, ТИ СИ СЕГА ЕДНА ГЛАСНА КАНТА ТРОПА, ДАЛЕКУ ЗАД ТЕБЕ СЕ ВРЕМИЊАТА КОГА ТИ ДРМАШЕ ВО ЗЕМЈАВА СО ТРАГИТЕ НА ТВОЕТО ПЕРО

Објавено на 04.04.2020 во 20:42:03 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Да колумните ти се уште многу читани, затоа што сега доби нова, ВМРОВСКА публика. А и ние те читаме, за забава.

Ти си сега една гласна канта тропа шефе. Далеку зад тебе се времињата кога твоите зборови се ценеа, кога ти дрмаше во земјава.

Никој веќе не те смета за голем новинар. Порано твоите текстови менуваа политички текови во земјава, стартуваа процеси, отвораа ТВ дебати.

Сега не си веќе во првата А лига на новинарски тешкаши. Сам себе се избрка од тоа одбрано друштво.

Сега важиш за трчкало слуга на Орце Камчев и Мицковски. А тоа е многу деградирачка етикета.

Сигурен сум дека и самиот си свесен за тоа. А можеби и си во некаква заблуда се лажеш себе си дека уште си јако новинарско перо, дека дури си и појак од порано, демек ете сите во еден правец а ти визионерски на време менуваш страна за подоцна на сите да ни викаш, ех, јас бев прв!

Но не е така, тоа нема да го дочекаш. Напротив, еден ден како сега што прави Васко Ефтов ќе правиш очајни обиди да вратиш дел од својот поранешен кредибилитет и тежина, но за тоа е предоцна.

Еве кога веќе го споменав. и емисиите на Ефтов сега секоја е по 100 000 кликови, па никој не се поместува нити замислува нити реагира на неговите емисии, тоа се вика ГЛАСНА КАНТА ТРОПА, има врева ама таа е само еден ШУМ кој никој не го зема за сериозно!

 

 

loading...

 

Колумни

Македонија