Жерновски за Мицкоски: Во ситуација на смртоносна пандемија да шириш дефетизам и да се прикажуваш како херој преку лажни вести е жалосно

Објавено на 04.04.2020 во 15:31:31 часот | Македонија

СРАМОТА !!!

Во некои други времиња, политичкиот прагматизам би ме натерал да се радувам на оваа инфантилна постапка и лага на првиот човек на опозицијата.

Сепак, во ваква ситуација, кога се соочуваме со смртоносна пандемија која не познава полова, верска, национална или политичка разлика, секојдневно да шириш дефетизам и да се прикажуваш како херој преку ширење на лажни вести е во најмала рака- жалосно.

Ќе го повторам тоа што го порачав пред десетина дена:
Оставете ја на страна политиката, сега ни е потребно заедништво и солидарност. Неопходна е ЗАЕДНИЧКА битка!
Срамота е ова што го правите. Ако веќе не сакате и не можете да помогнете, тогаш барем не одмагајте!
nato
ФБ статус на Андреј Жерновски

 

 

loading...

 

Македонија

Свет