Мицковски бе, не личиш на лидер и државник, делуваш повеќе како асистент на Љупче Златев

Објавено на 03.04.2020 во 22:05:24 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Толку многу пати, безброј пати, Мицковски се посрамоти и промаши пенал и не само што промаши туку топката отиде во неговиот гол!

Еј во моменти кога цела нација се плаши дали ќе умре, или од Корона или од глад, да излезеш на тв и така лесно да се глупираш и да лажеш и да блефираш, па тоа не би си го дозволил никој кој претендира да народот му ја даде честа да биде иден премиер на земјата.

Мене Мицковски многу често ми делува на дилетант а не на државник и лидер на кој народот може да му довери држава да води. Ми личи не асистент, значи помошник на Љупче Златев или Миленко, до таму ми е значи несериозен!

Вели не газел на гнила штица во животот, па он е седнат на гнило дрво кое се вика ВМРО ДПМНЕ и не само што не го лепи, санира, кове тоа дрвото тој скока на него со сета тежина и фрла петарди го пали со упаљач , го боде со виљушки го сече со бонсек тоа дрвото кое и онака се држи само на еден чкор кај кората, стеблото е одамна скапано...

Единствено се двоумам, дали е тоа добро или лошо за земјата. Тоа што Мицко е толку очаен политичар можеби е добри затоа што мафијата нема подобар коњ да ја трча нивната трка. Од друга страна па тоа ќе ја направи владата на Заев мрзлива и аздисана.

Но тоа можеби е помалото зло во моментов.

 

 

loading...

 

Колумни

Македонија