ДОДЕКА НАРОДОТ СПАСУВА ЖИВА ГЛАВА ОД КОРОНАТА: Камчев го нападнал Боки 13 пред судот, ги делела полицијата

Објавено на 03.04.2020 во 18:46:59 часот | Македонија

Полицијата спречила вербалниот конфликт меѓу Јордан Камчев и Бојан Јованоски да прерасне во физичка пресметка , од како претходно Јованоски со повишен тон довикувал навредливи зборови и спомнувал имиња и лични работи поврзани со семејството на Камчев. Информацијата за „Скопје 1“ ја потврдуваат адвокати вклучени во процесот.

Инцидентот се случил пред денешното рочиште за случајот „Рекет“ на влезот на Кривичниот суд. Полицијата спречила кавгата да премине во физичка пресметка и не му дозволила на изнервираниот Камчев и физички да се пресмета со Боки 13.

По инцидентот Боки 13 на судечкиот судија му се пожалил дека по инцидентот не е во состојба да биде присутен на рочиштето. Сепак рочиштето се одржало.

Зад затворени врати сведочеше обвинителката Ленче Ристоска која беше дел од тимот на Јанева во СЈО, а денеска беше повикана во својство на сведок од страна на одбраната на екс шефицата.

Одбраната на Јанева побарала јавноста да биде исклучена бидејќи обвинителката Ристоска во сведочењето може да каже деловна тајна.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет