СЕДНЕТЕ КОГА ЌЕ ГО ЧИТАТЕ ОВА, НЕМА ДА ВИ СЕ ВЕРУВА, ВМРО КОНЕЧНО НАПРАВИ НЕШТО ДОБРО ЗА ЗЕМЈАТА И НАРОДОТ: Мицкоски побарал помош од Јанша, тој испратил авион со заштитна опрема за Македонија!

Објавено на 03.04.2020 во 18:27:29 часот | Македонија

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во вторникот му се јавил на својот пријател, премиерот на Словенија и лидер на нивната сестринска партија СДС, Јанез Јанша и денеска веќе стигнал првиот авион со заштитна опрема за зашата земја, како помош од Словенија во борбата со корона вирусот.

-Побарав од премиерот Јанша, да помогне Словенија во рамките на своите можности и капацитети. Денес, на скопскиот аеродром пристигна првата помош во заштитни маски и медицински ракавици од земја членка на Европската Унија, Република Словенија. Во таа насока сакам да изразам јавна благодарност до нашиот пријател и пријателот на Македонија – Јанша за помошта и тоашто за брзо време се испорача помош која во овие моменти ќе биде значајна за луѓето кои се во првата линија во борбата против заразната пандемија. Ова е време кога сите вистински треба да ја покажеме солидарноста и хуманоста на дело и на начин на којшто можеме да помогнеме во надминување на оваа тешка криза. Секој според можностите и преку средства со коишто може да придонесе, затоа што секој живот вреди и затоа што ја сакаме Македонија, напиша Мицкоски на Фејсбук.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет