СОВЕТОТ НА ГРАД СКОПЈЕ ОДРЖУВА СЕДНИЦА НА ОТВОРЕНО

Објавено на 03.04.2020 во 12:58:23 часот | Македонија

Советот на Град Скопје денеска, 03.04.2020 година, петок, одржува седници на отворено, на просторот пред салата на Советот на Град Скопје, во време на вонредна состојба во државава поради пандемијата со коронавирусот. На 50-та редовна седница советниците ги разгледуваа Предлог – Годишна сметка на Буџетот на Град Скопје за 2019 година и Годишниот извештај на Град Скопје за 2019 година. На 6-та вонредна седница ќе се расправа за економските мерки што ги презема Градот, кој е најголема движечка сила во македонската економија, за ублажување на економските последици од настанатава состојба.

Во Скопје се остварува и најголемиот дел од Бруто домашниот производ (БДП), во него се и најголемиот број работни места, како и најголемиот дел од инвестициите во земјава.

Советот на Град Скопје на 11.02.2020 година го усвои Извештајот за извршување на Буџетот на Град Скопје за 2019 година, а во минатата година остварени се вкупни приходи и други приливи во износ од 5,7 милијарди денари, што претставува остварување од 87,2% во однос на планот за 2019 година.

Градот Скопје во изминатиот период освен што посветено работеше на подобрување на сервисните услуги за граѓаните, напорно работеше на капитални проекти и нивна реализација инвестирајќи истовремено во повеќе области што ги покрива согласно со надлежностите. Сепак, Град Скопје со своето домаќинско работење има Буџетот на стабилни нозе и може да ги исполни своите цели, па така во интерес на полесно надминување на економските последици од пандемијата со коронавирусот ќе се откаже од дел од средствата од најголемите приходни ставки како: комуналиите, коминалните такси, закупот на јавен простор и други давачки.

Официјално соопштение:
https://skopje.gov.mk/mk/vesti/2019/03042020_sovet_otvoreno/

 

 

loading...

 

Македонија

Свет