(ВИДЕО) Филипче: Коронавирус има психијатар од болницата од Демир Хисар, сите колеги во самоизолација, нив ќе ги заменат психијатри од други градови

Објавено на 02.04.2020 во 23:32:51 часот | Македонија

„Има случај во Психијатриската болница во Демир Хисар, преку Центарот за јавно здравје во Прилеп, потврден е доктор психијатар кој работел во болницата. Тој е асимптоматски, но имал позитивна семејна епидемиолошка анамнеза. Направен е тестот и тој е позитивен. Со оглед на тоа што бил во контакт со колегите во болницата во Демир Хисар, преку Центарот за јавно здравје во Прилеп направени се епидемиолошки анкети, преземени мерки, препорака за нивна самоизолација на психијатрите во болницата. Ние денеска во рамки на министерството заедно со прихијатрите од клиниката во Скопје ја организиравме работата во болницата во Демир Хисар заедно со колегите психијатри од другите институции од Битола и од Прилеп, до завршувањето на самоизолацијата, тие ќе бидат прераспределени токму во оваа болница. По потреба ќе бидат вклучени и прихијатрите од Охрид, Кичево, Гостивар и Тетово. Сите пациенти коишто ќе им биде индициран хоспитален третман ќе бидат упатени во другите центри, во Битола, Охрид или во Прилеп. Доколку има индикација за итност, Клиниката во Скопје во било кое време ќе ги прима тие пациенти. Ќе се затвори и Центарот за ментално здравје во Прилеп којшто практично го управува Психијатриската болница во Демир Хисар. На сајтот на Клиниката за психијатрија се објавени и телефонските броеви на колеги психијатри коишто излегуваат во пресрет за пружање на услуга преку телемедицина, телепсихијатрија. Во било кој момент може пациентите да се консултираат“, рече министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет