Спасовски: Ако банките не се солидарни, може да се донесе и друга уредба за банкарскиот сектор

Објавено на 02.04.2020 во 23:28:07 часот | Македонија

Мерките што се донесени се и за да го одржат банкарскиот систем стабилен, рече премиерот Оливер Спасовски одговарајќи на прашањето дали може да се направи нешто за банките да не ги наплаќаат каматите за кредитите во периодите додека се одложува плаќањето на ратите.

Сепак, најави тој, ако нема солидарност, во секој момент може да се донесе и некоја нова уредба со законска сила.

„Јас неколку пати дадов одговор за тоа. Разговаравме и со Народната банка и со комерцијалните банки. Банкарскиот систем е стабилен и тоа е многу важно за секоја држава. Можеме да се пофалиме дека имаме еден од  постабилните банкарски системи. Затоа преземаме мерки што ќе го одржат тој банкарски систем стабилен и ќе се одржи на ова ниво. Понудени се неколку решенија, очекуваме да видиме какви ќе бидат ефектите. Очекувам менаџментот на банките да не го гледа само сопствениот профит. Секако, ако тоа не се случува и ако јас и Владата не гледаме дека сакаат да бидат солидарни, тогаш уредбата со законска сила може да биде донесена во секој момент и во неа да дефинираме што треба да направиме во банкарскиот систем“,

рече Спасовски.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет