ФИЛИПЧЕ: БЛАГОДАРНОСТ ДО ХОЛАНДСКА АМБАСАДА, НИ ДОНИРАА ЦЕЛА ЛАБОРАТОРИЈА СО 2000 ТЕСТОВИ ЗА КОРОНА, СО ОВА КАПАЦИТЕТОТ НА ДРЖАВНАТА ЛАБОРАТОРИЈА Е ДУПЛИРАН!

Објавено на 02.04.2020 во 22:30:27 часот | Македонија

„Холандија донираше еден цел кабинет за дијагноза на коронавирусот - станува збор за една машина, кабинети за изолација, целата опрема којашто треба да се инсталира и тестови за 2.000 пациенти. Тоа е практично лабораторија којашто двојно ќе го зголеми капацитетот на сегашната лабораторија во Институтот за Јавно Здравје. Холандија тоа го донира преку Меѓународната агенција за атомска енергија со седиште во Виена и Светската здравствена организација за што сакам да изразам огромна благодарност како и на германската Амбасада за донацијата којашто ја направија. Земавме обврска и еве се спремаат листите за објавување на донаторите на сметката меѓутоа и во опремата во Министерството за здравство“, рече министерот Филипче.

Министерот Венко Филипче на денешниот прес во влада.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет