РОМИТЕ ТРЕБА ДА МУ ИЗГРАДАТ СПОМЕНИК ВО ШУТКА НА ЏОРЏ СОРОС - СОРОС ФОНДАЦИЈА ќе даде 100 000 евра донација за околу 10.000 граѓани, односно 2.000 ромски семејства кои живеат во скопско Шуто Оризари, Тетово, Гостивар, Битола, Прилеп, Куманово, Делчево, Виница Пехчево и село Црник

Објавено на 02.04.2020 во 19:56:24 часот | Македонија

Почитувани,

Би сакале да ве информираме дека Фондацијата Отворено општество - Македонија обезбеди донација од 100.000 долари за ромските семејства кои се социјално и економски најдиректно засегнати од здравствената криза.

Во услови на исклучително неизвесна и ризична состојба во која се наоѓа нашето јавно здравје, потребата за заштита на најранливите граѓани е огромна. За таа цел, а во соработка со Црвениот Крст на Република Северна Македонија како и со шест граѓански организации кои се активни и препознаени во ромските заедници, обезбедивме донација за хуманитарни пакети со храна и средства за хигиена кои во клучните денови што следат ќе се дистрибуираат до семејствата на кои им се најпотребни.

Со оваа донација ќе обезбедиме помош за околу 10.000 граѓани, односно 2.000 ромски семејства кои живеат во скопско Шуто Оризари, Тетово, Гостивар, Битола, Прилеп, Куманово, Делчево, Виница Пехчево и село Црник.

Дополнителни информации за активноста можете да најдете на во соопштението во прилог.

Ви посакуваме добро здравје.

Срдечен поздрав

 

 

loading...

 

Македонија

Свет