Битиќи на ТВ 24: ВМРО-ДПМНЕ со години ја држеше минималната плата на 8.000 денари, а денеска вели дека 14.500 денари поддршка не се доволни

Објавено на 01.04.2020 во 22:10:50 часот | Македонија

Најпрво ги субвенцонираме погодените компании со 50 отсто од придонесите за вработените, а дополнително дадовме и кредитни линии со 0 отсто каматна стапка, кои треба да им помогнат во ликвидноста на компаниите и тоа само во првиот сет на мерки. Сето она друго што го правиме е сосема доовлно и е навремено, за компаниите да знаат дека Владата не ги заборава и им помага да ја пребродат кризата, порача претседателот на Комисијата за финансии на СДСМ, Фатмир Битиќи во денешното гостување во ТВ 24.

Одговарајќи на ставовите на ВМРО-ДПМНЕ дека помошта била мала и недоволна, Битиќи оцени дека таквите ставови се несериозни и неодговорни.

Не може преставник на ВМРО-ДПМНЕ, партијата која по цел свет раскажуваше дека имаме евтина работна сила со минимална плата од 8.000 денари, со работна сила поевтина и од Африка, денеска да кажува дека помош од 14.500 денари месечно е недоволна, посочи Битиќи.

Помошта од 14.500 денари, додаде Битиќи, е помош од 100 отсто од нето плата за 75.000 вработени кои секој месец добиваат толкава плата, а до пред само две и пол или три години истите тие добиваа само 8.000 денари плата.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет