ЛЕГЕНДАТА НА СПОРТСКОТО НОВИНАРСТВО, АТАНАС КОСТОВСКИ: ЕХ ДА СУМ СЕГА ТВ УРЕДНИК...

Објавено на 01.04.2020 во 19:33:40 часот | Македонија

Бев, ама тоа е минато свршено време. Од 40 те работни години, 37 поминав во Телевизијата, од 2001 година се “вработив“ кај пензионерите. И не е важно колкава ти е пензијата, како што велеше познатиот и признат југословенски коментатор Младен Делиќ, значајно е што подолго да ја “грицкаш“.

Сега си седам по дома,постаамувам по упатствата на министерот Венко Филипче. Добар е тоа човек, пред  нешто повеќе од година кога никаде неможев да се снабдан со еден неопходен лек, го пронајдов неговиот мобилен телефон и по првото свртување, се изненадив, го слушнав неговиот глас! Се преставив и веднаш реков- министре Вие сте добар човек, веднаш одговарате  на непознат број... Денеска во ова време-невреме,му верувам на министерот, особено внимателно ги слушам неговите упатства како самите на себе да си бидеме “доктори“ во борбата со коронавирусот.

Во овие “карантински“ денови  деноноќието  како да има повеќе од 24 часа! Спасот најчесто се  бара во телевизиската програма. Од секогаш  интересетот се ширел  од најблиските, преку  роднините и комшиите до  пријателите кај нас и во светот.  Така е и со телевизискара програма.Прво вниманието го задржувам на нашите телевизиски станици, па потоа кај северните соседи... И во изминатиот викенд, овојпат со зголемено траење на полицискиот час, нашите ТВ станици си работеа по вообичаените шеми. Првите информации околу пладне, дотогш на располагање ви се утринските програми на северните соседи. Гледам, па си велам, па и ние имаме се’, зошто не правиме телевизиска програма соодветна на времето што го живееме? Рекорден е телевизискиот аудиториум, треба новинарите и медиумските работници да ја искористат оваа пружена шанса, да емитуваат програма што ќе те принуди да не го менуваш каналот! Секојдневно во времето на оваа принудна изолација...

Еве еден “рецепт“ чија реализација најмногу ќе зависи од новинарската инвентивност и ангажираност. Како прво  убаво би било да се укинат сите контактно-телефонски емисии  со гледачите, нивната партиска војна нека си ја водат директно меѓу себе, без присуство на слушатели.  Од екранот, верувајте,  недозволена негативна енергија се шири по дневните и спалните  соби!  По музичкиот хит на неделата и првите вести, убаво  е да се слушне што тоа  значајно се случувало на дешниот ден. Еве денеска , понеделник 30 март 2020 година кога го пишувам ова,,  телевизиските програми можеа да се збогатат со настани што се случиле на денешен ден низ историјата. Многумина, особено помладите  можеби првпат ќе слушнеа  дека американците ја купиле во 1867 година   Алјаска од Царска Русија за 7.2 милиони долари Еден прилог за Алјаска сигурно би ја збогатило програмата. Унаво е да се потсетиме дека на денешен ден 1992 годинс Република Македонија и Република Хрватска разменија ноти за  воспоставување на дипломатски односи на амбасадорско ниво. Две години пак подоцма, нашата земја на денешен ден пристапи ( потпишаа) на 15 конвенции во Советот на Европа во Стразбур.Убаво ќе биде кога програма би се збогатела со еден игран филм, зошто на овој ден 1986 година умрел американскиот артист Џејмс Кегни, носител на Оскар 1942 година. Многумина веројатно се сеќаваат за неговиот незаборавен филм “Човек со илјада лица“.... Ова е само дел од она што се случувало на денешен ден пред години , со мало пребарување на интернет и неопходна телевизиска обработка, еве во текот на денот интересни содржини за емитување. Првото или второто утринско кафе можеме да го поминемке и со гостин од екраните. Минутите  со  одбран гостин од редовите на глумците, пеачите, писателите, спортистите, пензионираните стопанственици... сигурно ќе го задржат вниманието на гледачите. Во училишната  ТВ програма на МТВ постојат минути  за вежбање, но малкумина од  повозрасните тв  гледачи  ги гледаат тие “часови“. Поминаа многу денови  од воведувањето на полицискиот час  и  на вонредната состојба, а ниту една телевизија не се сети дека и станот или терасата може да биде спортска сала или трим патека!. Нашата држава по глава на жител, верувајте, има најмногу доктори на науки од областа на спортот и физичката култура, добредојдени ќе бидат нивните совети како да ја одржуваме физичката кондиција во времето на „седи си дома“. Треба само малку  иницијатива, многумина со задоволство би ги слушале советите од екранот!

Да, вестите ќе си останат во редовните термини, но вистински лек за душата ќе биде  ако телевизиите престанат да ги пренесуваат партиските конференции и нивните објавени соопштенија! За нив има доволен простор  во нивните веб страници, а од таму новинарите  тие сидржини  можат да ги пренесат во своите медиуми. Се разбира секогаш треба да бидат застапени двете страни, но и со  соодветно истражување за да се стигне до вистината. Навистина,  патуваа ли и колку тоа  многу трошеа министрите Шекиринска и Димитров во текот на март како што тоа бомбастично го најавуваа луѓето од ВМРО-ДПМНЕ? Министрите демантираа, очигледно некој не ја кажува вистината, зарне?  Или најновата преписка Рашковски-Мицковски, не може двајцата да ја кажуваат вистината, таа е единствена,  таа не е делива,нема моја и твоја! Обврска е на медиумот, односно новинарот, да  стигне до вистината, патем и да подели жолт или црвен картона на  странката што не ја зборува вистината! На крај, сите дебатни емисии  во ова време да бидат со единствена тема –здравствена и економска борба против коронавирусот. Со  учество на експерти, квалификувани  соговорници, за партиските војници подоцна,во  “поздрави“ времиња.Во недостиг на спортски содржини, сериите, сеедно од  чие производство, си го задржуваат високото ниво на гледаност.Најгледаните од нив, по традиција со задолжителни репрезирања...

За добар сон не траба приспивна песна , вистински лек е нашиот заеднички придонес во поуспешната борва против невидливиуот непријател...

Време е кога, сите сидиме дома и- гледаме телевизија!

Оваа шанса телевизиските трудбеници треба максимално да ја искористат. За нивно и наше добро!

Атанас Костовски

 

 

loading...

 

Македонија

Свет