ПОЛСКАТА БОЛНИЦА ЗА КОРОНАВИРУС НЕ Е ПАДНАТА, НАПРОТИВ, ДЕНЕС ДОБИ СТРУЈА И ГРЕЕЊЕ, ВЕЛИ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ШИЛЕГОВ

Објавено на 01.04.2020 во 18:53:36 часот | Македонија

ПОЛСКАТА БОЛНИЦА ЗА КОРОНАВИРУС НЕ Е ПАДНАТА, НАПРОТИВ, ДЕНЕС ДОБИ СТРУЈА И ГРЕЕЊЕ, ВЕЛИ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ШИЛЕГОВ

Поради врнежните од снег, два шатори кои не биле подигнати и соодветно зацврстени биле натежнати со снег, но не паднал кровот. (Фото: К. Попов)

Полската болница за лекување на пацинети со КОВИД-19 не е падната, напротив веќе е поврзана на струја и во текот на денот ќе биде пуштено греење, вели градоначалникот на Скопје Петре Шилегов.

Како што објаснуваат екипите кои работат на терен, поради врнежните од снег два шатори кои не биле подигнати и соодветно зацврстени, биле натежнати со снег, но не паднал кровот како што напиша на својот фејсбук профил портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски.

„Навистина не знам, дали и колку има човечност и зошто определени ликови во дел од политичките структури, упорно се обидуваат да профитираат со политикантсво во услови на вонредна состојба. Болницата која заеднички ја подигнаа Министерството за одбрана, Министерството за здравство и Град Скопје, е во совршено добра состојба. Денес се зацврстија и последните два шатори, се прави приклучокот на електрична енергија и ќе биде пуштено и греењето. Искрено се надевам дека нема да има потреба да се користи овој капацитет“, вели Шилегов.

Полската болница се наоѓа веднаш до Инфективната клиника, на просторот каде беа бараките на студентскиот дом „Медицинар“. Ќе има капацитет за 130 пациенти на кои им треба болничко лекување. Како што кажа министерот Венко Филипче, болницата до крајот на неделава ќе биде ставена во функција и во неа ќе се примаат пациенти со коронавирус откако ќе се исполни капацитетот на Инфективната клиника.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет