АЈНШТАЈН БЕШЕ ВО ПРАВО ЗА БЕЗГРАНИЧНОСТА НА ГЛУПОСТА: „Тврдокорните“ ќе одeле на литургија и ќе одговореле бескомпромисно

Објавено на 01.04.2020 во 18:29:14 часот | Македонија

Патриотското здружение „Тврдокорни“, кое е дел од коалицијата „Никогаш северна, само Македонија“, најостро реагира на вчерашните најави за забрана на литургиите во македонските православни храмови.

„Ако не се служат литургии во Македонија, нема кој да нè застапува пред Бога. Ние православните христијани, без литургија, сме мртви. Тоа нам ни е храната за да живее духот. Да се преземат сите стандардни мерки на заштита, но отворено кажуваме – не доаѓа предвид да дозволиме служењето пред Бога да биде спречено“, велат од ова здружение.

Од „Тврдокорните“ предупредуваат дека доколку некој се вмеша во ова прашање, нивниот одговор ќе биде бескомпромисен.

„Да не се надеваат безбожниците дека начекале можност за да ја замолчат цврквата. Држете се до вашите убедувања, не ни чепкајте ги нашите. Никој да не се осмелил да преземе каква било казнена мерка кон православен свештеник, кој служи почитувајќи ги безбедносните мерки“, се наведува во соопштението на патриотското здружение.

Од таму сметаат дека доколку свештениците и верниците ги исполнуваат сите безбедносни мерки, нема основа зошто да се оспорува основното човеково право на вероисповед.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет