ДАЈТЕ БЕ ЛУЃЕ ПРИБЕРЕТЕ СЕ МАЛЦЕ, ОВАА КРИЗА Е РАМНА НА ВОЕНА СОСТОЈБА, НАРОД УМИРА БРЕ ЛУЃЕ, МОЖНО Е СИТЕ ДА ОСТАНЕМЕ БЕЗ РАБОТА ВИЕ ПАДАВИЧАРИТЕ ЗА ПАУЖИНА И ЛАДНА ВОДА ВО КАРАНТИНИТЕ, ДАЈ БЕ РАЗБУДЕТЕ СЕ АЛО ДЕЧКИ?!?!

Објавено на 31.03.2020 во 16:45:26 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Над 100 години немало војни на овие простори, ако го изземеме конфилктот од 2001-ва кој зафати помал дел од земјата и населението.

Затоа јавноста е малку збунета и не разбира со што ние овде си имаме работа. Па затоа ги имате оние смешни фб чаршави, т.е огромни колумни каде се ПАДАВИЧАРИ И СЕЧЕ ВЕНИ затоа што во карантините немало топла вода и имало пајажина на таваните.

Ах бре луѓе, дај бе приберете се, време е, ова е безмалку воена состојба, со тоа што непријателот не се Германците или клетите Турци, туку непријател е еден вирус кој убива речиси се пред себе и се шири во цел свет!

Не се знае колку ќе трае кризата и како ќе заврши, можно е сите да останеме без работа и да нема храна и основни намирници.

Кој знае што и како ќе биде во иднина, дај бидете сериозни и на висината на задачата сите, ова не е забенација.

Во карантините сте пратени ем вие да спасите жива глава ем ние да спасиме жива глава, ова е вонредна состојба, нема луѓе на работа, нема кој да ви ги спреми карантините, земете засукајте ракавите и сами исчистете и онака ќе треба со денови да лежите како сомови во тие соби на државен трошок.

Кога сме тука, кој ѓавол ве тераше баш сега да се враќате дома?! Туку ај секој си има свои математики, проблеми и причини, ваше право, но дај не плачете како мали деца, ова се безмалку воени состојби и прилики, немој да цепидлачите!

 

 

loading...

 

Колумни

Македонија