САД СТАНАА ЗЕМЈА СО НАЈМНОГУ ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУС

Објавено на 27.03.2020 во 21:17:24 часот | Свет

САД СТАНАА ЗЕМЈА СО НАЈМНОГУ ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУС

САД се нов епицентар на глобалната пандемија (Фото: Ројтерс)

САД ги надминаа Италија и Кина и станаа држава со најмногу потврдени случаи на коронавирус.

Според податоците на Универзитетот Џонс Хопкинс, во САД има 82.404 заразени, со што изби пред Кина (81.782) и Италија (80.589). Во САД досега има повеќе од 1.100 починати од КОВИД-19.

Овие црни бројки беа објавени само ден откако претседателот Доналд Трамп најави дека планира повторно да ја отвори американската економија до Велигден на 12 април.

„Луѓето мора да се вратат на работа, нашата земја мора да се врати, нашата земја се базира на тоа и мислам дека ќе се случи многу брзо“, кажа Трамп.

Минатата недела, 3,3 милиони Американци останале без работа како последица на кризата со коронавирусот.

 

 

loading...

 

Свет

Македонија