ТЕСТИРАЊАТА ЗА КОРОНА ЗА СЕГА ЌЕ СЕ ВРШАТ ВО ТРИ ЛАБОРАТОРИИ, ТАА НА КЛИНИЧКИ, ТАА НА ВЕТЕРИНАРЕН ФАКУЛТЕТ И ТАА НА ЖАН МИТРЕВ КЛИНИКА, СЕ ПРАВАТ НАПОРИ СИТЕ ДА БИДАТ ПОКРИЕНИ ОД ФОНДОТ

Објавено на 25.03.2020 во 23:09:04 часот | Македонија

Пациентите кои тестирање за коронавирус закажуваат на Клиниката „Жан Митрев“ тестот го плаќаат, рече денес министерот за здравство Венко Филипче одговарајќи на новинарско прашање. На почетокот на минатата недела тој извести дека ги обединиле капацитетите за тестирање со Клиниката „Жан Митрев“ поради зголемената потреба за тестирање, пренесе а1он.

„Тестовите се уште се плаќаат. Денес ќе заврши анализата, проверката, состаноците со сите лаборатории кои покажаа интерес и кои кажаа дека ги исполнуваат условите. Кога ќе заврши увидот од нашата лабораторија, ќе се достави соодветен предлог до Фондот, со цел да се зголеми капацитетот на тестирање“, рече министерот Филипче.

Тестирањата сега се вршат во лабораторијата на Институтот за јавно здравје, а министерот минатата недела извести дека и лабораторијата на Ветеринарниот институт ги исполнувала условите и имала соодветна опрема за тестирањата за коронавирус.

Пред одлуката да се обединат лабораториите, пациентите кај кои во „Жан Митрев“ беше потврден коронавирусот, задолжително се тестираа и во лабораторијата на Институтот за јавно здравје

Покрај Клиниката „Жан Митрев“ за тестирањата министерот вели дека добиле понуди од уште неколку приватници и најави дека Фондот ќе склучи договори со сите кои ги исполнуваат условите.

повеќе

 

 

loading...

 

Македонија

Свет