Ангела Меркел заврши во карантин, двајца американски сенатори исто така во карантин

Објавено на 23.03.2020 во 16:42:15 часот | Свет

Германската канцеларка Ангела Меркел заврши во карантин, откако во петокот имала контакт со лекар позитивен на корона вирусот.

Владиниот портпарол Штефен Сијберт информираше вечерва во Берлин

Таа веднаш после денешниот одржан прес ќе оди во карантин.

 

Американскиот републикански сенатор Ранд Пол е заразен со новиот коронавирус Ковид-19 и е во карантин, а е првиот член на Горниот дом на Конгресот заболен од вирусот, пренесува РТ.

Пол ги обелодени вестите на својот официјален профил на „Твитер“, информирајќи дека се чувствува добро и не покажал никакви симптоми на вирусот, но се тестирал како мерка за претпазливост поради своите чести патувања и настани на кои присуствува.

Тој не знае дали имал директен контакт со некој носител на вирусот и очекува да се врати во Сенатот откако ќе заврши неговиот карантински период.

Кабинетот на Пол работел од дома околу десетина дена и неговиот персонал во тоа време речиси немал личен контакт со политичарот.

Веста доаѓа откако Вашингтон забележа втор смртен случај поради Ковид-19. Другите американски сенатори се во самонаметнат карантин како мерка на претпазливост во последните неколку недели, а најмалку два члена на Претставничкиот дом исто така се позитивни на вирусот.

Исто така и сенаторот Мит Ромни од Јута е во домашен карантин.

 

 

loading...

 

Свет

Македонија