Зошто ВМРОВЦИТЕ во секој тендер гледаат криминал? Затоа што они се така програмирани, тоа им е деформација!

Објавено на 21.03.2020 во 18:33:15 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Многу ми се интересни вмровците, не утепаа со пресови со разни сценарија и шпекулации како министри на СДСМ местеле тендери и ќарувале големи суми од набавките...

Опседнати се со тоа, буквално мислат дека секој министер 24/7 мисли како нешто да украде!

Мислам дека они си ја ишкаат мувата на капата, едноставно овие 13 години на власт толку се изнакрадоа што буквално мислат дека сите се како нив, дека сите се опседнати со пари со пљачка со местенки со криминал со апашлук...

Они не може да разберат дека е сосема можно некој да си ја сака земјата и дека не е алчен за милиони и дека му е доволно она што го спечалил пред да стане министер или директор?!

Не велам дека СДСМ функционерите се светци, секаде има расипана стока, но генерално во СДСМ некако ми се многу почесни и покротки луѓето, секако една од причините е што се повеќето луѓе од успешни фамилии, не се како ВМРОВЦИТЕ гладни и боси од предградијата, но и ова правило е веќе старо и прашање е дали сеуште важи...

Сепак впечатокот вака или онака, поради ова или она е дека во СДСМ вирее свет кој е пристоен и си ја цени државата професијат образот честа... Можеби ме лаже впечатокот, но искрено тоа ги мислам.

 

 

 

loading...

 

Колумни

Македонија