ГОРАН СДК: ГРУЕВЦИ ТОЛКУ ЈА СПУШТИЈА ЛЕТВИЦАТА ШТО СМЕ ОДУШЕВЕНИ ОД ФИЛИПЧЕ ЗАТОА ШТО ГО РАБОТИ ТОА ЗА ШТО Е ПЛАТЕН, ДА БЕА СЕГА ГРУЕВЦИ НА ВЛАСТ, ЦЕЛОТО ШОУ ОКОЛУ КОРОНА ЌЕ ГО ВОДЕШЕ ГРУЈО, ЌЕ БЕШЕ ТОА НЕВИДЕНА МЕДИСКА ПАТЕТИКА!

Објавено на 14.03.2020 во 00:00:55 часот | Македонија

Па и тоа што сега дел од јавноста го фали министерот Филипче и начинот како се однесува во време на криза, е одраз на едно генерално изместување на сфаќањето како треба да се однесува државен функционер. Паѓаме во несвест дека некој јавен службеник добро си ја врши работата за која го плаќаме. Нешто што треба да е нормално.

Ама, ние од таа нормалност одамна сме се откажале. Па не сме пиеле сите вода од Дојранското Езеро пред камери за да докажеме дека не е загадено, и како последица сме заборавиле како беше до пред само три-четири години. Се сеќавате ли кога правникот Никола Тодоров им покажуваше на хирурзите како да оперираат? Ќе шеташе сега со маска по клиники, ко што ги ловеше сестрите на спиење на дежурство и ќе се пушташе по сите телевизии. А Груевски ќе стоеше пред Инфективната клиника и ќе ги броеше пациентите, ко што ги броеше камионите во Стајковци. И на мобилен телефон ќе се јавуваше да дава наредби за купување апарати за дишење.

Е токму поради тоа 11-годишно понижување на сѐ што е стручно, тој игнорантски однос кон тие што знаат, оној презир од типот „којзнае што ве учеле на тие комуњарските факултети“ , сега се чудиме дека некој лекар специјалист, што во моментов е министер, се меша во својата работа од областа на здравството.

ГОРАН МИХАЈЛОВСКИ, СДК

 

 

loading...

 

Македонија

Свет