ДИКТАТОРЧЕ БЕСРАМНО: Променет уставот на Русија, избришан лимитот за претседателски мандати на едно лице, шефот на Кремљ изминатата недела изјави дека претседателската функција претставува Путинова судбина

Објавено на 10.03.2020 во 17:21:57 часот | Свет

Russland Parlament in Moskau | Wladimir Putin, Präsident (Reuters/E. Novozhenina)

На денешната седница на руската Дума во Москва, во второто читање, 382 пратеници гласале „за“, 44 се воздржале, а ниеден пратеник не се изјаснил против реформа на рускиот устав. Мандатот на Владимир Путин како претседател завршува во 2024 година. Критичарите му префрлаат дека со уставните измени сака да осигура натамошно останување на власт. Се смета дека предлогот за уставни реформи ќе помине и на утрешната седница на Советот на Федерацијата, горниот дом на рускиот парламент.

Пред одлуката на парламентот, Путин денеска првпат индиректно најави подготвеност за претседателска кандидатура во 2024 година. Со оглед на планираната уставна реформа, која вклучува и „анулирање“ на неговите досегашни мандати, доколку Уставниот суд даде согласност, Путин би бил подготвен за натамошно извршување на функцијата, изјави 67-годишниот претседател во текот на денешната дебата во Думата околу планираните досега најкрупни промени во уставот во руската историја.

Со својот глас да ги поништат досегашните мандати на Путин, вклучувајќи го и тековниот четврти, пратениците го отворија патот Путин и по 20 години на власт да остане на чело на државата по четири години. Негов наследник досега не е на повидок.

Повеќе: 

Руска Дума: Уставните измени во брза постапка

Путин се подготвува да остане на власт и по 2024

Путин предлага референдум за уставни измени

Според досега важечкиот устав, последниот можен мандат на Путин завршува во 2024 година. Во текот на парламентарната дебата, тој се изјасни против укинување на генералното ограничување на два претседателски мандати. Во руската владејачка политичка партија Обединета Русија, во последно време се множеја гласови на Путин да му се овозможи доживотно да остане претседател на државата. Во својот говор, Путин денеска истакна дека очигледно е оти народот сака негово останување на функцијата, дополнувајќи дека уставните измени ќе бидат ставени на референдум кој ќе се одржи на 22 април. Реформата на уставот патем натамошно би ги проширила ингеренциите на шефот на државата. Првиот човек на Кремљ изминатата недела изјави дека претседателската функција претставува негова судбина.

 

 

loading...

 

Свет

Македонија