Постои страв меѓу населението дека испораките на храна може да се прекинат. Снимките што пристигнуваат од Рим прикажуваат огромни редови на граѓани со колички што чекаат да влезат во супермаркет.

 И во Милано луѓето чекале во огромни редици и неколку часа.

„Имам уште храна, но отидов во самопослуга за уште некои намирници. Пред самопослугата, можете да чекате буквално со часови, за да набавите основни продукти.

Италијанците од денеска ќе можат да патуваат само на работа, или поради медицински или други итни причини, бидејќи мерките преземени пред два дена веќе не се доволни, рече Конте.

„Нема повеќе време за трошење. Податоците ни кажуваат дека има голем пораст на заразени, хоспитализирани и за жал починати случаи. Треба да ги промениме навиките“, предупреди премиерот Конте.

„Одлучив веднаш да преземам уште построги и посилни мерки“, продолжи Конте.

Овие нови драконски мерки, кои не се појаснети дополнително од премиерот, ќе бидат прецизирани во одредбата што ќе стапи на сила од денеска низ Италија, втората најпогодена земја зад Кина, со повеќе од 9000 случаи, од кои 463 починале.

Мерките не предвидуваат ограничувања на јавниот превоз, со цел да се гарантира економска активност и да се овозможи одење на работа. Претходно, училиштата и факултетите се очекуваше да останат затворени до 15 март, а сега распустот е продолжен до 3 април. Италијанскиот премиер нареди и откажување на фудбалските натпревари, како и други спортски настани.