ВО АМЕРИКА СЕ СЛУЧИ ПОЛИТИЧКO ЧУДО: ЏО БАЈДЕН СЕ ВРАТИ ОД МРТВИТЕ И СЕГА ВОДИ ВО ТРКАТА ЗА КАНДИДАТ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ КАЈ ДЕМОКРАТИТЕ!

Објавено на 04.03.2020 во 09:56:32 часот | Свет

Џо Бајден губеше и тоа многу зад екстремниот левичар Берни Сандерс. Но пред СУПЕР ВТОРНИК во кој требаше да се гласа во речиси пола од сојузните држави во САД, се вклучија алармите во демократската партија.

Се шпекулира дека се имаат вмешано и Барак Обама и Хилари Клинтон, се има вртено телефони до конкурентите на Џо Бајден да се откажат од трката за да се сконцентрираат гласовите кај поранешниот потпретседател.

Па одеднаш се откажаа тројца големи кандидати, првиот геј кандидат Пит Бутиџег, сенаторката од Минесота, Ејми Кробахер и милијардерот Том Стејер. И одма се осети на следните резултати, гласовите се сконцентрираа кај Бајден и тој го растури екстремниот левичар Берни Сандерерс кој ако стане кандидат за претседател на демократите повеќе од сигурно ќе изгуби од Доналд Трамп затоа што нема шанси мнозинството на американци да гласа Америка да стане социјалистичка држава како Венецуела или Куба.

 

 

loading...

 

Свет

Македонија