Макпетрол АД продолжува да инвестира во сопствените капацитети, комплетно реновирана бензинската станица во Битола

Објавено на 27.02.2020 во 16:03:30 часот | Македонија

Следејќи ги светските стандарди во трговијата со нафтени деривати, како и потребите на своите потрошувачи, Макпетрол АД постојано се труди да имплементира новини во своето работење.

Во согласност со тоа, инвестицискиот циклус на Макпетрол АД продолжува и оваа година со завршување на реновирањето на бензинската станица во Битола. Со тоа, бензинската станица доби карактеристики на модерна и функционална единица која ќе ги задоволи сите потреби на потрошувачите.

Целосната инвестиција во оваа бензиска станица изнесува околу 18.000.000 денари и истата овозможи целосно модернизирање на станицата. На бензиската станица достапни се сите деривати и течен нафтен гас, како и дополнителните услуги што ќе можат да се добијат во современата продавница. При тоа, бензинската станица ги исполнува сите безбедносно - технички нормативи и во потполност ги исполнува современите функционални и естетски стандарди.

Компанијата постојано ги следи навиките на своите потрошувачи и се труди на најдобар начин да им излезе во пресрет. Макпетрол АД продолжува со изградба на нови, како и осовременување и модернизирање на постојните бензински станици и складови низ републиката, со цел што поуспешно и поефикасно сервисирање на потребите на потрошувачите

 

 

loading...

 

Македонија

Свет