Хрватски научник: Шансите да умрете од коронавирус скоро и да не постојат

Објавено на 27.02.2020 во 15:57:03 часот | Македонија

Хрватскиот научник Игор Штагљар, специјализиран на подрачјето на молекуларна биологија одлучи со јасни бројки да ја смири паниката во врска со коронавирусот. Самиот поглед на бројките сугерира колку се мали шансите да заболете од коронавирусот, а уште побитно да починете, пренесува РТЛ Хрватска.

-Светската здравствена организација објави дека постоја 79.300 заразени со коронавирус. Од тие мнозинство, или 77.000 се во Кина, од кои повеќето во Вухан. Вухан има 11 милиони жители. Да претпоставиме дека од 77.000 заразени сите се во Вухан. Значи 0,7 отсто од жителите на Вухан се заразени, а 99,3 отсто од жителите на тој град немаат вирус. Зборам за градот од каде почна епидемијата, наведе Штагљар.

Тој додаде дека Вухан е битен затоа што е жариште на коронавирусот, што значи дека е најопасно место на Земјата по прашање на можноста да се заразите со него.
Појаснува дека токму тие 0,7 отсто е клучна ставка затоа што на неа идат процентите на смртност.

-Ако имате 85 години, имате 0,7 отсто шанси воопшто да го фатите вирусот, па ако го фатите имате уште 14,8 проценти шанси да умрете од него, односно вкупно 0,103 проценти шанси да умрете од тој вирус. Тоа значи дека шансата дека нема да умрете од тој вирус е дури 99,897 проценти! За еден 45-годишник тие две шанси помножени изнесуваат 0,0028 проценти дека вирусот ќе ве убие, а 99,9972 дека нема. За еден 35-годишник веројатноста дека ќе умрете од вирусот е 0,0014 отсто, а дека нема да умрете е 99,9986 проценти. Тоа е 0,7 отсто дека ќе го добиете и 0,2 проценти да умрете од него, ако сте по 40 години старост, изјави Штагљар.

Штагљар додаде дека Кина има 1,386 милијарди жители и истакна дека само 0,0055 проценти на Кинези имаат вирус.

-Ете колку вирусот е заразен. Поентата на приказната е дека да, постои опасност, но потполно непотребно е да се создава ваква паника, заклучи професорот на Оделот за биохемија и медицинска генетика на Универзитетот во Торонто.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет