ШОКАНТЕН СКАНДАЛ ОДЕКНА ОД БЕЛАТА ПАЛАТА: Скромните професори Мицкоски и неговото семејство со професорски плати донирале 30.000 евра за ВМРО минатата година

Објавено на 27.02.2020 во 15:51:46 часот | Македонија

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, неговата сопруга Роза Мицкоска и неговиот татко Иван Мицкоски донирале вкупно 1.800.000 денари или скоро 30.000 евра за партијата во текот на минатата 2019 година.

Според податоците што ни ги доставија од партијата, лидерот Мицкоски и двајцата членови на неговото семејство уплатиле идентични донации од по 600.000 денари, односно секој по околу 10.00 евра.

Притоа, тие ги извршиле уплатите на самиот истек на годината, односно Мицкоски и неговата сопруга тоа го сториле на 17 декември, додека неговиот татко на 27 декември.

Со оглед дека извештајот не е објавен на партискиот сајт, ниту се уште е направен достапен на друг „соодветен начин“, како што предвидува Законот за финансирање на политичките партии, Фокус побара податоци од опозициската партија за минатогодишните донатори, од кои произлегува дека единствено партискиот лидер и двајца членови на неговото семејство донирале средства.

Како што неодамна објави Фокус, во првата половина на минатата година ВМРО-ДПМНЕ подигна и кредит од Комерцијална банка во износ од 15 милиони денари или 244 илјади евра, кој кон крајот на година е репрограмиран, при што, објаснуваат од партијата, не станува збор за подигнување на нови средства, туку за промена на условите за сервисирање на долгот.

Инаку, првите луѓе на партијата деновиве обзнанија дека партијата има долг од 8 милиони евра и најавија дека за потребите на изборната кампања, покрај традиционалното финансирање преку членарини и донации, можно е да подигнат уште еден комерцијален кредит.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет