ЖБОГАР ГИ ЗАКОПА ВМРОВЦИТЕ: Законот за ЈО отвора можност за завршница на случаите од СЈО

Објавено на 27.02.2020 во 10:48:59 часот | Македонија

 
Амбасадорот на Европската Унија, Самуел Жбогар, вели дека не гледа каде во текстот на Законот за јавното обвинителство има амнестија.
 
„Напротив, гледаме дека случаите на СЈО продолжуваат, а тоа нам ни е најважно“, нагласи тој во емисијата „Агенда 35“ на МТВ.
 
Според него, во земјава нема да има владеење на правото, ниту доверба на граѓаните во правдата, ниту доверба во политичарите се’ додека случаите од СЈО не добијат завршница.
 
„Законот дава токму таква можност, одговорноста да биде воспоставена. Да, шефицата на СЈО премина да речеме на „темната страна“, ама тоа не го намалува значењето на работата на СЈО која остана недовршена и мора да се заврши”, посочи амбасадорот Жбогар. 

 

 

loading...

 

Македонија

Свет