Цветанов за маршот на ВМРО-ДПМНЕ: Вечер на пародијата и трагикомедијата!

Објавено на 27.02.2020 во 10:39:07 часот | Македонија

Мицко го згрешил денот за протестот или што и да е во врска со ПРАВДА.
Прочка му е добар датум.
Најпрвин да побара ПРОЧКА за злосторствата што ги правеше режимот на Грујо преку Судиите од тефтерчето.

Но Мицко нема душа за таква работа.

Додека режимот уништуваше судбини на невини луѓе,
Мицко и неговите другарчиња беа зафатени со билдање на капитал, кој хидроцентрали, кој куќи, кој станови…
Додека се урнисуваше правната држава тие беа окупирани само околу личниот интерес.

Вечерва, главните играчи на диктаторот Груевски, кој што побегна во Будимпешта и таму продава државни тајни против Македонија, (кој што во соработка со Горан Грујовски – моментален продавач на државни тајни во Грција), ќе говорат за ПРАВДА?

Тие истите што блокираа Собрание за да заштитат криминали?

Тие истите што лобираат во ЕУ да не добиеме датум?

Тие бараат само едно.
БАРААТ ДА СЕ ВРАТИ РЕЖИМОТ.
БАРААТ СУДСТВО ПРЕКУ КОЕ ПО НАРАЧКА ЌЕ ЗАТВАРААТ НЕИСТОМИСЛЕНИЦИ, ДОДЕКА СИ ГИ ДООСТВАРУВААТ СВОИТЕ КЛЕПТОМАНСКИ АПЕТИТИ.

Нив не им е гајле ниту за правда, ниту за Македонија, ниту за народ.

Оваа вечер е вечер на пародијата и трагикомедијата.

Монструмите ќе говорат за правда!

ФБ статус на Ване Цветанов

 

 

loading...

 

Македонија

Свет