ЕВЕ ЗОШТО СЕ УТЕПА ОД БРАНЕЊЕ НА РЕЖИМОТ И МАФИЈАТА: ПОГЛЕДНЕТЕ КОЛКУ СЕ ОМРСИЛ СОТИР КОСТОВ ОД БУЏЕТОТ И НАРОДНИТЕ ПАРИ!

Објавено на 27.02.2020 во 09:36:23 часот | Македонија

Благодарност до ТВ 24 за интересната дебата на вечерашната 24 Анализа. Во текот на разговорот со Сотир Костов, се обврзав да ги објавам јавните податоци за огромните суми пари кои тој ги има земено во времето на режимот. Тој тврдеше дека на неговата сметка не биле уплатени други средства освен платата која му следувала како претседател на Комитетот за истрага на авионски несреќи.

Во коментари подоле се линковите од дебатата и од податоците. Станува збор за договорни услуги (и други ставки) кои биле доделувани надвор од платата. Овластување за исплати врз основа на договорни, оперативни и други услуги има само претседателот. Тоа значи дека дотичниот сам на себе си исплаќал огромни суми од парите на граѓаните, надвор од платата која му следувала за неговиот ангажман. Тоа им беше и тоа им е практиката. Вдомување на екстремисти и радикалисти чија задача е само да сеат омраза, да ги штитат криминалците и да ја лажат јавноста. Упорно и се’ уште – напиша Богоевски на фејсбук и сподели линк. со исплатите на Костов.

 

 

 

loading...

 

Македонија

Свет