РУСКОВСКА ГО ИЗБРИША ПОДОТ ВО СУДНИЦА СО ВЕЉАНОВСКИ: Тој се грижеше само за себе, ете такво лице имавме за втор човек на државата

Објавено на 26.02.2020 во 13:09:59 часот | Македонија

 

Вилма Русковска, обвинителката во воведните зборови за организаторите на 27 април, рече дека Трајко Вељаноски мислел само на сопствената сигурност, и свесно дозволил народот да изврши упад во Собранието, и да стигне до салата каде биле пратениците од парламентарното мнозинство.

„Трајко Вељаноски, сега обвинет, а тогаш претседател на Собранието, и по функцвија втор човек во државата, не направи ништо во тие критични моменти за државата. Постапи спротивно на деловникот на Собранието. Одби да се извреши промена на точките на дневен ред на барање на пратеникот Оливер Спасовски со поддршка на 10 пратеници, ама не заборави да се допишува со лидерот Никола Груевски.

Му дозволи на пратеникот Зекири да ја испее албанската химна на говорница, што претствуваше иницијална каписла народото да тргне кон собранието.  Дали обвинетиот Вељаноски се обиде да ги заштити своите колеги пратеници? Дали се обиде да го спречи лудилото кое владееше во Собранието? Одговорот е едноставен – НЕ!

Не само што не направи ништо, туку началникот на неговото лично обезбедување тогаш, сега осудениот Ѓошевски на групата предводена од Никола Митревски – Кољо, им помогна да стигнат до сала број 3, каде во тој момент се наоѓаа пратениците од новото парламентарно мнозинство. Единствена грижа за Вељаноски беше само личната грижа. Ете таков човек имавме за втор човек во државата“, рече Русковска.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет