Спасовски изрази сочувство за загубените детски животи во несреќата во Романовце

Објавено на 23.02.2020 во 20:52:53 часот | Македонија

Премиерот Оливер Спасовски вечерва на својот фејсбук профил изрази сочувство до семејството кое загуби три деца во експлозија на плинска боца во кумановското село Романовце.

– Длабоко сочувствувам со моите сограѓани од Општина Куманово, жители на село Романовце, за трагично загубените животи на три дечиња и посакувам брзо закрепнување на останатите седум повредени, пишува Спасовски на фејсбук.

Експлозијата се случи денеска околу 10 часот во Романовце. Загинаа три деца на возраст од 8, 9 и 11 години. Во несреќата седум лица се здобија со изгореници. Од нив четворица се во тешка состојба со висок степен на изгореници и се на лекување во Скопје.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет