ОПШТИНА КАРПОШ КУПИ ДВЕ ЦИСТЕРНИ И ОПРЕМА ЗА ЧИСТЕЊЕ НА УЛИЦИТЕ

Објавено на 21.02.2020 во 21:15:49 часот | Македонија

ОПШТИНА КАРПОШ КУПИ ДВЕ ЦИСТЕРНИ И ОПРЕМА ЗА ЧИСТЕЊЕ НА УЛИЦИТЕ

Со грант од Светска банка набавени се две нови цистерни за миење на улици, камион за подигнување на отпад, рачен вшмукувач за лисја и ситен отпад, како и опрема за расчистување на снег.(Фото: Општина Карпош)

Општина Карпош со грант од Светска банка купи нова механизација за миење и чистење на улиците. Набавени се две нови цистерни за миење на улици, камион за подигнување на отпад, рачен вшмукувач за лисја и ситен отпад, како и опрема за расчистување на снег.

„Сликата на редовно миење на сервисните улици повторно станува реалност. Прашината долж улиците е дел од севкупното загадување и на овој начин навистина ќе го подигнеме нивото на јавната хигиена. Овие години постојано инвестираме во механизација за комуналните служби, а не во луксузни возила за потребите на администрацијата“, рече градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев.

Цистерните ќе чистат во сите урбани заедници, долж сервисните улици, а рачниот вшмукувач на многу брз и едноставен начин ги подига лисјата и ситниот отпад. Камионот кипер ќе помогне во расчистувањето на дивите депонии и при транспорт на отпадот.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет