Нашиот државјанин хоспитализиран со корона вирус во Јокохама е во добра здравствена состојба

Објавено на 21.02.2020 во 14:10:50 часот | Македонија

Нашиот државјанин, кој е хоспитализиран откако се зарази со коронавирус на крузерот во пристаништето во јапонскиот град Јокохама, е во добра здравствена состојба. По тринеделниот третман тој ќе биде пуштен, истакна денеска епидемиологот Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје.

– Дваесет и пет отсто од луѓето кои биле инфицирани со вирусот на крузерот се пуштени дома. Франција, Германија и САД направија трансфер на патниците. Другите двајца наши државјани кои се на крузерот не се заразени, во добра здравствена состојба се и продолжуваат со својата работа со мерки за превентивна заштита. Тие работат во делот на подготвување и разнесување храна, рече д-р Караџовски.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет