Заев: Не е точно дека сум се сретнал со Јанева во претседателската вила

Објавено на 20.02.2020 во 10:36:10 часот | Македонија

Поранешниот премиер и лидер на СДСМ Зоран Заев тврди дека во август 2019 година не се сретнал со екс специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во претседателската резиденција, како што обвинува опозицијата.

„Не е точно дека тоа се случило. Треба да ги проверат тие податоци и анализи, како точно се обезбедени. Мојата последна средба со Јанева беше во Советот за реформи на правосудство во владата, рече синоќа Заев.

Тој изјави и дека е негов гласот на снимките кои ги објави опозицискиот пратеник Антонијо Милошоски, а кои беа однесени во Јавното обвинителство. Сепак Заев тврди дека во разговорот нема ништо спорно.

„Гледате дека зборувам отворено, кога не сум имал никакви индиции, ниту некој нешто ми предочил, месеци пред да се појави случајот „Рекет“ или на мене да ми биде презентиран. Јас, како совесен и одговорен претседател на влада, сум почувствувал дека има одредено сомнително финансирање и затоа прашувам од каде, вели Заев.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет