(ВИДЕО) Китанов: ВМРО-ДПМНЕ за 10 години рехабилитираше 650 км патишта, СДСМ за две години 783 км

Објавено на 15.02.2020 во 20:08:45 часот | Македонија

 
Членот на ЦО и директор на ЈП “Државни патишта”,Китанов,  денеска од програмската трибина Агенда 20-24 посветена на темата инфраструктура говореше за наследените состојби во инфраструктурата. Преку фотографии, како споредба, Китанов го посочи патот Миладиновци – Штип, за којшто и надзорот утврдил низа неправилности во повеќе фази од процесот, а разликата од претходната власт ја покажа и со фотографии пред и потоа,  од мост на Вардар, мост во Кавадарци.
 
Китанов говореше и за дел од тендерите во времето на претходната власт, потенцирајќи договори со одредени фирми, како на пример фирма за минирање којашто на месечно ниво добивала надомест од 545.000 денари за минер, како и рударски инженер со надомест од 247.000 денари.
“За некои тука било Швајцарија”, рече Китанов.
 
Тој ја нагласи и разликата кај патарините за што кажа дека значително се подобрени условите и за патниците и за вработените, за резултатот е повеќе од успешен.
Односот на вработените е одличен, а и грижата за нивните услови за работа е сериозно земена предвид.
„Знаете ли кој е резултатот?  39 милиони евра претходно, а оваа година за завршуваме со 44 милиони евра. Има разлика”, заклучи Китанов.
 
Тој ја напомена и разликата во изградбата на автопати, регионални и магистрални патишта.
„Од 2007 до 2016 рехабилитирани се 650 км автопати, регионални магистрални. Значи за 10 години  650 км. За само две години од 1 јануари 2018 до 31 декември 2019 се рехабилитирани 783 км патишта. Има разлика”, рече Китанов и додаде дека за оваа година без делот од “Македонија Пат”, веќе 100 км се работат, коишто се  почнати ноември, а ќе завршат напролет.
 
Китанов ги најави и другите проекти за коишто рече дека не се предизборни, бидејќи се проектирани уште минатата година, кога предвремени избори не биле ниту на повидок.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет