ЗБОРОТ СИ Е ЗБОР - НАМЕСТО ФЕДЕРАЛИЗАЦИЈА, АРАЧИНОВО ДОБИ КАНАЛИЗАЦИЈА!

Објавено на 08.02.2020 во 20:02:48 часот | Македонија

„Во екот на политичките промени додека некои зборуваа и ги плашеа граѓаните со федерализации и кантонизации, ние ветивме дека овде во Арачиново ќе изградиме канализација затоа што недозволиво е населено место на десеттина километри од главниот град да нема канализациона мрежа во 21 век“, рече претседателот на СДСМ Зоран Заев при денешниот увид на изградба на канализационата мрежа во Општина Арачиново придружен од потпретседателите Оливер Спасовски и Мухамед Зекири, член на ЦО и министер за транспорт и врски, Горан Сугарески и градоначалничката на Општина Арачиново, Миликије Халими.

Претседателот Заев истакна дека интензивно се гради канализациска мрежа во должина од 10 километри во вредност од 1,7 милиони евра обезбедени од буџетот на Република Северна Македонија. 



„Арачиново е пример за тоа што навистина значи концептот едно општество за сите – еднакви услови за живот и во урбаните и во руралните средини. Едно општество значи и еднаков развој на локалните самоуправи. Тоа е нашиот концепт за подобрување на квалитетот на живот на сите граѓани кој дава реални резултати“, рече претседателот Заев и ги увери граѓаните дека нема да застанеме тука.

„Имаме мотив, имаме волја имаме енергија да работиме уште попосветено на креирање и реализација на мерки и политики што се во интерес на граѓаните. Нема дилема дека со чесниот пристап, со одржливи и реални мерки и политики уште еднаш ќе ја заслужиме довербата од граѓаните и ќе ја имаме честа и одговорноста да продолжиме да ја водиме државата на прав пат, на патот на развој, напредок и интеграции во ЕУ и НАТО.

Во изјавата за медиуми претседателот Заев ги наброи и другите проекти кои се реализираат во Општина Арачиново, а се однесуваат на решавање на долгогодишни проблеми како обезбедување на квалитетна вода за пиење, изградба на детска градинки, реконструкција на училишта, локални патишта, нова општинска административна зграда.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет