КАКО Е МОЖНО ТОЛКУ ДОБАР ЧОВЕК И ЛЕКАР ДА Е ТАКОВ АНТИ ТАЛЕНТ ЗА ПОЛИТИКА - Таравари: После три години опозиција ги сметам ВМРО-ДПМНЕ за реформирани

Објавено на 06.02.2020 во 18:20:10 часот | Македонија

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари во вечерашното гостување во емисијата „Топ Тема“ на телевизија Телма рече дека неговата партија, Алијансата за Албанците им нуди коалиција на Беса и на Алтернатива со цел да се победи ДУИ.

Тој негира дека направените листи за можната коалиција со останатите две албански партии е само во корист на Алијанса за Албанците за тие да добијат добитнички места. Вели дека, според направените анкети, потребна е тројна коалција за конечно да ја победат ДУИ.

-Ние би сакале во коалицијата да бидат три партии со што односот на освоени гласови со ДУИ би биле 2:1, но ние и со една од партиите победуваме, било која. Посакуваме сите три да се зедно затоа и трошиме енергија изминатиов месец, рече Тараври.

Таравари рече дека Алијанса за Албанците го поддржува законот за Јавно обвинителство и не гледа причина зошто би се одложиле предвремените парламентарни избори.

-Не гледам причина да се одложат изборите. Важно е да се одржат на 12 април. Ние како Алијансата за Албанците го поддржуваме законот за Јавно обвинителство, имавме 9 амандмани поголем дел се прифатени. Законот треба да помине во парламентот пред да се распушти Собранието, следуваат празници и нема да има можност во краток период по тоа да се изгласа законот, рече Таравари.

Во денешната дебата како преставник на опозицијата беше и Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Таравари ги пофали ВМРО-ДПМНЕ велејќи дека се реформирани и дека не се обидуваат да го блокираат законот за ЈО.

-После три години опозиција ги сметам ВМРО-ДПМНЕ за реформирани не би сакал ниту да помислам дека сакаат да направат опструкција на законот за Јавно обвинителство, изјави Таравари.

Веднаш по ова, Димовски му се заблагодари на Таравари за искажаните зборови по што додаде дека очекува од Алијансата за Албанците да понудат добра политичка програма на претстојните избори.

-Јас Алијансата за Албанците ги сметам за опозициска партија и сметам дека ќе имаат да понудат нешто ново на овие избори, некоја друга подобра политика, рече Димовски.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет