Падна договор: Алијанса за Албанците во предизборна коалиција со Алтернатива

Објавено на 06.02.2020 во 17:51:56 часот | Македонија

Од Беса за „360 степени“ изјавија дека нивниот став ќе го соопшти претседателот Касами на прес-конференција

Претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Сел, објави дека постигнале договор со Алтернатива на Африм Гаши за предизборна коалиција. Но, Села рече дека досега нема одговор од, како што ја нарече, другата страна, алудирајќи на движењето Беса, со кое исто така имаше првични разговори за заеднички настап на изборите договорени за 12 април.

Села сепак кажа дека остануваат отворени за соработка и со други партии.

„Добив писмена согласност за предизборна коалиција за изборите на 12 април од господинот Африм Гаши, претседателот на Алтернатива и, за жал, сме игнорирани од другите страни. Остануваме отворени за сите други партии кои се заинтересирани гласот на Албанците да го направат посилен“,

изјави Села.

Од Беса за „360 степени“ изјавија дека утре претседателот на движењето, Биљал Касами, ќе одржи прес-конференција на која ќе ги каже ставовите во врска со ова прашање.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет