Манчевски: Нема К-15 за рамковно вработените кои седат дома

Објавено на 06.02.2020 во 17:37:01 часот | Македонија

Mинистерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски денеска изјави дека К-15 нема да важи за вработените во администрацијата кои беа вработени по Рамковен договор, а седеа дома. Ова право ќе важи само доколку прифатат прераспределување.

„Апсолутно ќе се погрижиме овој договор да не важи за таканаречените рамковно вработени, колку тоа и да го вели Колективниот договор. Ќе најдеме начин заедно со синдикатот и со надлежните институции овие луѓе да не земат К-15. Се разбира, ќе важи само за оние што ќе прифатат прераспределување“, рече Манчевски.

Изјавата на Манчевски следува по денешното потпишување на Колективниот договор за државната администрација.

Министерството и Синдикатот на УПОЗ денеска го потпишаа Гранскиот колективен договор во кој се предвидени повеќе права за работниците меѓу кои исплата на регрес за годишен одмор во нето-износ од 9.000 денари. Меѓу правата што ги добиваат вработените се и флексибилно работно време, дневници за службено патување, платено отсуство заради лични и семејни околности, плата за време на годишен одмор и за време на штрајк.

Овој договор пред два дена помина на седница на Владата, по што следуваше денешното потпишување.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет