Шилегов за медицинскиот отпад во „Дрисла“: Да сум јас претпоставен, нити обвинителката денеска ќе беше обвинителка, нити инспекторот ќе беше инспектор

Објавено на 06.02.2020 во 17:10:39 часот | Македонија

Силни критики упати градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов кон институциите во врска со случајот со „Еко клуб“ и опасниот медицински отпад кој несоодветно се горел во „Дрисла“.

„Градот треба да излезе виновен дека пријавил? Да сум јас претпоставен, нити обвинителката денеска ќе беше обвинителка, нити инспекторот ќе беше инспектор. Државата има такви инситуции преполни со полуписмен кадар од претходната власт. Зарем мислите дека треба 50 дена да молчат. Кој е овде луд? Неприфатливо е објаснувањето на овие државни институции. Градот Скопје е сериозна институција. Вршиме надзор врз работење на сите институции кои се наши“, истакна Шилегов.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет